Дома Фудбал Паника на „Итихад“: Халанд заминува од Манчестер Сити

Паника на „Итихад“: Халанд заминува од Манчестер Сити

На сите им е познато дека Ерлинг Халанд спаѓа меѓу најдобрите напаѓачи во светот, но ова не е негова сезона, ниту на Манчестер Сити.

Tимот од „Итихад“ игра многу лошо и јасно е дека ова ќе биде сезона во која нема да го освојат ниту Премиерлигата, ниту Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од друга страна, во домашното првенство не се ни приближно онаму што беа во претходните неколку години.

Јасно е така дека Манчестер Сити на крај може да остане и без Лигата на шампионите за наредната сезона, што би било голем удар за тимот кој од клупата го предводи Пеп Гвардиола.

Според новинарите од „Ел Насионал“, ако тоа се случи, Ерлинг Халанд ќе си замине од овој клуб и ќе ја продолжи кариерата на друго место.

Како негова следна дестинација се наведува токму Реал Мадрид, кој ја елиминираше екипата на Манчестер Сити од Лигата на шампионите оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европа е обезбедена, но Шкендија сака изненадување дома против Лудогорец!

Вечерва во 20 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот првак Ш…