По само неколку дена од потписот на Карим Бензема, како што и беше најавено, потврден е трансферот на Н’Голо Канте.
Досегашниот фудбалер на Челзи во Саудиска Арабија пристигнува како слободен фудбалер. Првиот дел од лекарските прегледи, Французинот ги заврши. Канте во новиот клуб ќе заработува 100 милиони евра по сезона за договор на две години, а со евентуалните исполнети бонуси во договорот сумата би била и поголема.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во редовите на Челзи, Канте пристигна во 2016 година и до денес собра 190 настапи постигнувајќи 11 погодоци.
Заминувањето од Челзи сепак, можеше и да се очекува затоа што во последната сезона во редовите на „сините“ беше во втор план.
✅🚨Documents are being signed today for N’Golo Kanté to Al Ittihad
— 𝗣𝗛𝗜𝗟𝗜𝗣 𝗠𝗘𝗟𝗢 (@Philipmelo126) June 13, 2023
End of Era at Chelsea FC 🔵🤝🇸🇦
{Legend}🐐 #CFC https://t.co/znUoHo0lTY pic.twitter.com/0EZFH3z6aO