Дома Фудбал Италија Oфицијално: Алегри се врати во Јувентус

Oфицијално: Алегри се врати во Јувентус

Toa што се најавуваше сега е и официјално потврдено, Масимилијано Алегри е нов тренер на Јувентус!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ после турбулентната сезона одлучи да го отпушти Андреа Пирло, а на местото тренер го врати Алегри. Алегри и тоа како добро го познава Јувентус со кој освои пет Скудета.

Алегри како тренер пред Јувентус го водеше Милан, а беше тренер уште на Каљари, Сасуоло, Гросето, СПАЛ и малку познатиот тим на Аглианесе.

Се поврзуваше Алегри со Реал Мадрид, многумина очекуваа дека можеби ќе биде наследник на Зидан, но сепак тој се врати во Торино каде што во новата сезона ќе се обиде да го врати Скудетото кое сезонава го освои Интер.

Со доаѓањето на Алегри се најавува и дека Кристиано Роналдо ќе го напушти клубот, ќе видиме дали тие најави ќе се остварат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…