Дома Фудбал Останато Oткриени пораки на Емилијано Сала на две недели пред несреќата: Се правел да не оди во Кардиф!

Oткриени пораки на Емилијано Сала на две недели пред несреќата: Се правел да не оди во Кардиф!

Долго време намаше вест за Емилијано Сала кој трагично настрада во падот на авионот во во водите на Ла Манш.

Ќе потсетиме, Сала го загуби животот во падот на авионот кој се враќаше од Нант кон Кардиф. Сала неколку дена претходно го комплетираше договорот со премиерлигашот, а потоа се врати во Нант за да се поздрави со неговите соиграчи од францускиот клуб, на враќањето од на Нант кон Кардиф за жал неговиот авион се сруши и Сала го загуби животот. Телото на пилотот Дејв Иботстон кој управуваше со авионот не беше ниту пронајдено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во овој момент Нант и Кардиф водат „војна“ за парите од оваа зделка. Кардиф тврди дека нема потреба да ја уплаќа сумата од 17 милиони евра (најголема во историјата на овој клуб за еден играч), додека од Нант си ги бараат парите.

Сега француски „Л’Eкип“ дојде до порака која Сала ја испратил на свој роднина на 6-ти јануари, две недели пред несреќата.

Од текстот на пораките испратени на „Ватс Ап“ може да се заклучи дека Сала немал желба за трансфер во Кардиф.

„Вчера му испратив пораката на агентот Мејс Ендијалеу. Ме повика неколку часа подоцна, разговаравме и ми кажа дека претходно Франк Кит (синот на Валдермар Кит, претседателот на Нант) му кажал да се слушне со мене. Зборувавме и ми беше кажано дека сакаат да ме продадат. Преговараат да добијат големи пари. Апсолутно сакаат да одам таму. Точно дека договорот е добар, но мене не ме интересира, ако зборуваме строго од фудбалски аспект јас себе си не се гледам таму“.

Сето ова се случува на почетокот на преодниот рок додека цената не достигнала 17 милиони евра за колку што на крајот се договорија клубовите.

„Се обидуваат на сите начини да ме продадат. Јас не се плашам да одам во Кардиф, цела кариера се борев и работев, но мислам дека Мејс мора да најде подобра средина за мене. И менаџерот му кажа „не“ на Кардиф. И тој смета дека сме во позиција каде што можеме да добиеме подобри услови, како од фудбалски аспект, така и од финансиски. Уморен сум веќе, не сакам да одам таму…Гајле ми е што е посилна лига. Сакам поинтересен клуб кој може да ми понуди простор за фудбалски развој и добри финансиски услови, но некогаш не можете да ги добиете и двете“.

Во целата таа ситуација на Сала најмногу му пречело што неговиот збор немал никаква тежина и што првиот човек на клубот, Валдемар Кит инсистирал да го продаде.

„Од друга страна не сакам да разговарам со Кит, бидејќи не би сакал да го налутам. Ми се гади кога ќе се најдам лице во лице со тој човек. Сака да ме продаде во Кардиф, договори висока оштета и ништо друго не го интересира. Не побарал од мене да заминам, не ме прашал дали сакам да одам таму. Го интересираат само парите. Така стојат работите. Комплетен хаос. Не знам што да правам…Никој не се грижи за мене, никој не го интересира низ што се морам да поминам. Тешко е бидејќи чуствувам дека нема многу луѓе спремни да се стават во мојата позиција“, гласела пораката на Сала.

После оваа објава на „Л’Екип“ се огласи и претседателот на Нант, Валдемар Кит.

„Изненаден сум и разочаран. Се однесувам добро кон луѓето, но морам да прифатам дека има и такви кои го мислат спротивното. За жал, се случи таа глупава несреќа. Сала беше само момче. Обожаван. Доколку не се случеше тоа што се случи верувам дека денес би бил среќен“, изјави Кит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…