Дома Останати Oткриена причината за прекинот на соработката: Ѓоковиќ и Агаси имале жестока расправија

Oткриена причината за прекинот на соработката: Ѓоковиќ и Агаси имале жестока расправија

Американецот Андре Агаси од пред неколку дена повеќе не е тренер на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Легендарниот тенисер работеше во стручниот штаб на Ѓоковиќ како повремен тренер бидејќи со Новак беше во главно на поголемите турнири.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Имав најдобра намера сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често заклучавме дека не се согласуваме околку некои работи, не се согласувавме околу детали кои за мене беа важни. Му посакувам се најдобро во кариерата“, изјави легендарниот Американец пред неколку дена за „ЕСПН“.

Откако Агаси објави дека става крај на соработката со српскиот тенисер, светските медиуми започнаа да истражуваат и открија што претходело на прекинот на соработката.

Откриено е дека Ѓоковиќ и Агаси влегле во жестока расправија непосредно пред Индијан Велс.

„Агаси се лутел бидејќи Новак не прифаќал скоро ниту еден негов совет. Неколку пати жестоко се расправале, а најжестока била расправијата пред Мастерсот во Индијан Велс. Агаси го убедувал Новак да го прескокне турнирот бидејќи му било јасно дека не е спремен. Меѓутоа Новак одбивал да го послуша“, пишуваат германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…