Oдредени се судиите за натпреварите од 12-тото коло од македонската прва лига.
Сите натпревари во најсилната македонска лига се играат во недела (14:30), освен градското дерби помеѓу Работнички и Вардар кое е закажано за во сабота (13:30).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Градското дерби кое ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ кое овој пат ќе биде дуел на првопласираниот и последнопласираниот тим на табелата ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје.
Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот во Велес помеѓу Борец и Академија Пандев.
Натпревари 12-тото коло
Работнички – Вардар (И. Стојчевски – Скопје)
Силекс – Струка (Н. Тефику – Кумано)
Борец – Академија Пандев (А.Ставрев – Скопје)
Македонија Ѓорче Петров (М.Маркоски – Охрид)
Ренова – Шкупи (А. Грујоски – Кичево)