Како што најавуваат медиумите во Англија во четврток клубовите од Премиер лигата би можеле да изгласаат промена на правилата в о бројот на измените.
На почетокот на тековната сезона клубовите од Премиер лигата гласаа против правилото за пет измени во лигашките натпревари. Така Премиер лигата остана единствената лига која не се го задржа правилото воведено поради коронавирусот, но тоа сега можеби ќе се промени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку предлогот добие потребен број гласови на состанокот кој би требало да се одржи во четврток од сезоната 2022/2023 премиерлигашите би можеле да имаат по пет измени на секој натпревар.
Оваа промена би можела да се смета како победа на „големите“ и богатите клубови кои цело време се залагаат за такво нешто. Ќе потсетиме на почетокот на сезоната во Премиер лигата беше изгласано праволо според кое тимовите добиваат дополнителна измена во случај некој од играчите да биде принудно заменет поради повреда.