Голманот на словенската репрезентација и шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Јан Облак има најдобар учинок во 21. век, објави „Трансфермаркт“.
Фудбалскиот портал објави листа од 30 најдобри голмани во овој веј кој имаат најголем процент на натпревари без примен гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На врвот се најде Облак со 54%. Имено, Облак не примил гол на 137 од 252 натпревари колку што бранел. На второто место е Мануел Ноер со 47%, додека третата позиција му припадна на Џанлуиџи Буфон со 46%.
Во топ 10 се уште: Карло Кудичуни (45%), Едвин Ван Дер Сар (44%), Виктор Валдес (44%), Петар Чех (44%), Дида (43%), Куртоа (43), Сантијаго Канизарес (41%)…