Дома Фудбал Германија Oбамејанг јавно им „објави“ војна на „милионерите“: Габонецот на безобразен начин и врати на Борусија

Oбамејанг јавно им „објави“ војна на „милионерите“: Габонецот на безобразен начин и врати на Борусија

Борусија Дортмунд синоќа ремизираше во Берлин на гостувањето против Херта (1:1), а повторно во составот на Милионерите не го имаше одличниот Пјер-Емерик Обамејанг.

Габонецот го пропушти и натпреварот од минатото коло, откако беше суспендиран поради недисциплина, а управата на германскиот гигант одлучи да го изостави за натпреварот против Херта.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, веќе некое време се пишува за тоа дека напаѓачот е на чекор до Арсенал. Управата на Дортмунд синоќа сепак изјави дека понудата се уште не пристигна, како и тоа дека сметаат на него во следните натпревари, доколку нешто не се промени.

Сепак, Обамејанг синоќа ги изненади сите кога играше фудбал со друштво додека Милионерите играа во Берлин. Интересно е тоа што на терминот со пријателите се појави во дрес на поранешниот соиграч, Осман Дембеле, кој минатото лето ја засили Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …