Дома Останати Тенис Oва се тенисерите со најголема заработка: Ѓоковиќ убедливо на врвот, изненадување на второто место

Oва се тенисерите со најголема заработка: Ѓоковиќ убедливо на врвот, изненадување на второто место

Во моментов се одвива најпрестижниот тениски турнир – Вимблдон, а британските медиуми направија анализа на заработката на 10-те тенисери кои досега имаат највисока заработка во своите кариери и кои уште се натпреваруваат на АТП турнирите.

Списокот на најплатените десетмина тенисери претрпе промени поради пензионирањето на легенди како Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј. Ова отвори можности помлади играчи да се истакнат и да заземат место меѓу најдобрите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, на врвот останува недостижниот Новак Ѓоковиќ, кој е апсолутен лидер во тениската заработка во светот.

Порталот Givemesport го објави рангот на 10-те тенисери со најголема заработка од тениските турнири. Оваа листа ги одразува исклучиво приходите од тениската арена, без да се вклучат договори за спонзорства и други извори. Покрај тоа, разгледани се само играчите кои сеуште активно играат.

Ѓоковиќ, кој оваа година има високи амбиции на Вимблдон, има заработено вкупно 160 милиони евра на турнирите во текот на својата кариера.

Изненадување имаме на второто место. Иако Александер Зверев долги години е на врвот, никогаш нема освоено грен-слем турнир, но се гордее со титули од Олимписките игри и Завршниот мастерс. Зверев досега има заработено 45 милиони евра.

Следуваат двајца од најдобрите тенисери на денешницата. Карлос Алкараз e трет на листата според турнирската заработка со 38 милиони евра, а веднаш по него, како четвртопласиран, е неговиот најголем ривал и моментално светски првак Јаник Синер со приход од 35,5 милиони евра.

На петтото место се наоѓа еден од ветераните и симбол на тенисот. Станислас Вавринка, омиленот на публиката насекаде каде настапува, има освоено три грен-слем титули и има заработено 32 милиони евра.

Во најплатената десетка од активни тенисери е и Марин Чилиќ. Хрватскиот тенисер роден во Меѓугорје има освоено 21 турнир во кариерата и може да се пофали со заработка од 27 милиони евра, што го рангира на седмото место.

(1.) Новак Ѓоковиќ – 160 милиони евра

(2.) Александер Зверев – 45 милиони евра

(3.) Карлос Алкараз – 38 милиони евра

(4.) Јаник Синер – 35,5 милиони евра

(5.) Станислас Вавринка – 32 милиони евра

(6.) Стефанос Циципас – 29,5 милиони евра

(7.) Марин Чилиќ – 27 милиони евра

(8.) Григор Димитров – 25,5 милиони евра

(9.) Андреј Рубљов – 24,8 милиони евра

(10.) Кеи Нишикори – 22 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ лесно до трето коло на Вимблдон

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја мина втората пречка на Гренд слемот В…