Дома Фудбал Ова се првите фаворити за трофејот во ЛШ – клубот со најголеми шанси никогаш не ја освоил!

Ова се првите фаворити за трофејот во ЛШ – клубот со најголеми шанси никогаш не ја освоил!

Компанијата Opta, која е специјализирана за статистика, ги објави своите предвидувања за Лигата на шампионите.

По одиграни две кола, дошло до промени во редоследот на фаворитите за европската титула.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред првото коло и по жрепката, најверојатни шампиони беа сметани англиските шампиони Ливерпул со 17,2 проценти. Сега, пак, на врвот се најде Арсенал, пред Ливерпул и минатогодишниот победник ПСЖ.

Лондонскиот тим никогаш не ја освоила Лигата на шампионите, но оваа сезона тргна со победи против Олимпијакос и Атлетик Билбао со идентичен резултат 2:0 и има максимален учинок, исто како Бајерн, Реал, ПСЖ, Интер и Карабаг.

Фаворити за освојување на Лигата согласно Opta:

Арсенал – 18.09 проценти
Ливерпул – 14.70 проценти

ПСЖ – 13.96 проценти
Манчестер Сити – 9.71 проценти
Бајерн – 9.50 проценти
Барселона – 8.25 проценти

Реал Мадрид – 4.94 проценти

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да не ја одлучи овој момент првенството на Англија?

Арсенал синоќа со гол во самиот финиш дојде до победа против Евертон и на тој начин максим…