Дома Фудбал Oва се најдобрите 11 на Баерн на сите времиња!

Oва се најдобрите 11 на Баерн на сите времиња!

Синоќа пишувавме дека најголемиот германски клуб Бајерн Минхен со свечена церемонија прослави 125 години постоење.

Проектирањето на идеалниот тим на Бајерн на сите времиња е вистински предизвик, бидејќи се работи за еден од најтрофејните и најдоминантни клубови во историјата на фудбалот.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


По повод 125-тиот роденден на славниот германски гигант, медиумите се обидоа да го изберат најдобрите 11 на сите времиња, но тоа само предизвика расправија помеѓу навивачите – бидејќи е едноставно невозможно сите да добијат место во идеалниот тим.

Колку била јака конкуренцијата, најдобро се гледа на примерот со голманот. Во изборот биле три апсолутни легенди – Сеп Мајер, Оливер Кан и Мануел Ноер. На крајот изборот падна на Ноер, поради што се разлутени фановите на Сеп Мајер, кој дури 18 сезони бил член на првиот тим на Бајерн. Тој во периодот од 1966 до 1979 година бил незаменлив и одиграл дури 442 последователни бундеслигашки натпревари.

“Дојче Веле Спорт” и неговите читатели го поставија идеалниот тим на Бајерн во формација 3-2-3-2, а тој изгледа вака:

Голман:
Мануел Ноер

Одбрана:
Филип Лам
Франц Бекенбауер
Пол Брајтнер

Дефанзивна врска:
Лотар Матеус
Бастијан Швајнштајгер

Офанзивна врска:
Арјен Робен
Томас Милер
Франк Рибери

Напад:
Герд Милер
Роберт Левандовски

Иако ова е навистина спектакуларен тим, невозможно е да не се забележат некои големи имиња што останаа надвор од составот, како што се: Карл-Хајнц Румениге, Штефан Ефенберг, Михаел Балак, Џовани Елбер, Ули Хенес, Дитер Хенес, Клаус Аугенталер, Ханс-Георг Шварценбек, Франц Рот, Мемет Шол, Олаф Тон, Јенс Јеремис, Мемет Шол, Марио Баслер, Биксенте Лизаразу, Вили Санjол, Џошуа Кимих…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неизвесност во Ливерпул: Што се случува со договорите на најважните фудбалери?

Остануваат уште три месеци до крајот на сезоната во европскиот фудбал, а Ливерпул сè уште …