
Македонската фудбалска репрезентација како последнопласирана во својот барабан ќе влезе во баражот за пласман на СП 2026, нешто што стана сосема извесно по тешкиот пораз вечерва на гостувањето кај Велс (1-7).
Избраниците на селекторот Благоја Милевски доживеаја едно од најтешките понижувања во поновата историја, примајќи повеќе голови за едно полувреме отколку во претходните седум натпревари заедно (вкупно три). Со тоа, во полуфиналниот бараж Македонија ќе го чека противник од најсилната група, во која се Италија, Турција, Данска и Украина. Натпреварот ќе се игра на гостински терен, без разлика кој ривал ќе го донесе ждрепката.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Доколку „црвено-жолтите“ успеат да излезат како победници, ги очекува финале во кое домаќинот ќе биде избран по пат на ждрепка, а противник ќе биде еден од победниците во пресметките меѓу селекциите од вториот и третиот барабан. Ждрепката е закажана за в четврток, а бараж-средбите ќе се одиграат во март идната година.