
ПЛЕЈ-ОФОТ за осминафиналето од Лигата на шампионите заврши со вчерашните натпревари и познати се сите учесници во следната фаза на натпреварувањето.
Осумте најдобри екипи на табелата го обезбедија тоа со својата позиција, додека екипите кои беа распоредени од 9. до 24. место мораа да поминат низ плеј-оф за елиминациската фаза.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Противниците беа споени преку ждрепка, како што ќе бидат споени и оние кои ќе играат во осминафиналето.
Можните парови за осминафиналето веќе беа одредени, а ждрепката која ќе се одржи утре на пладне во Нион ќе елиминира еден од двата противника од претходно дефинираните можни парови и ќе одреди кој ќе се бори за четвртфиналето.
Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат на 4 и 5 март, а реваншите на 11 и 12 март.
Можни парови за осминафиналето на Лигата на шампионите:
ПСЖ – Ливерпул или Барселона
Клуб Бриж – Лил или Астон Вила
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
ПСВ Ајндховен – Арсенал или Интер
Феенорд – Интер или Арсенал
Баерн – Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Астон Вила или Лил
Бенфика – Барселона или Ливерпул