Дома Фудбал Ова никогаш не сте го виделе: Енрике ја напушти клупата, па „од далечина“ командуваше во второ полувреме

Ова никогаш не сте го виделе: Енрике ја напушти клупата, па „од далечина“ командуваше во второ полувреме

Актуелниот европски шампион – Пари Сен Жермен, започна фуриозно со одбрана на титулата во Лигата на шампионите, победувајќи ја Аталанта на „Паркот на принцовите“ со 4:0.

Како што играа, можеа и 10 гола да им дадат, а да не беше најсрамотно изведениот пенал, барем ќе паднеше „петарда“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Луис Енрике го водеше тимот, иако неодамна имаше сообраќајна несреќа, кога падна од велосипед при голема брзина и заработи сериозни повреди. Беше во гипс и го водеше тимот од клупата за првото полувреме, а потоа во второто реши дека е полесно да “командува” од далечина, па на почетокот на второто полувреме се качи во новинарската ложа, каде што пред себе стави лаптоп, а на главата имаше слушалки преку кои давал наредби на својот помошник.

Имавме порано слични ситуации, но кога тренерите се суспендирани и не можат да го водат натпреварот уште пред да започне, а ваква ситуација, да еден тренер ја напушти клупата на полувреме, а потоа од трибините го води натпреварот е вистинска револуција која во фудбалот не е видена.

Но, сето ова беше изнудено бидејќи Енрике поради повредите не може да издржи цело време покрај клупата, па му беше поудобно да седне и од најдобриот можен агол да ги следи настаните и да дели команди.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на „Енфилд“: Помошникот на Симеоне ги плукаше навивачите на Ливерпул (Видео)

Ливерпул на „Енфилд“ го победи Атлетико Мадрид (3:2) во првото коло од Лигата на шампионит…