Дома Фудбал Ова е најбизарниот гол во квалификациите за Светското првенство: Голманот не знаеше каде се наоѓа – сите беа во шок!

Ова е најбизарниот гол во квалификациите за Светското првенство: Голманот не знаеше каде се наоѓа – сите беа во шок!

Голманот на Молдавија, Андриј Кожукар ја направи можеби најголемата грешка во сезоната, за време на квалификациите за Светското првенство, кога прими аматерски гол на натпреварот против Естонија!

Во 30-тата минута Естонија изведе корнер од десната страна, Кевор Палумејс го пронајде Раунo Сапинен, чииот удар со глава беше доволно бавен за голманот на Молдавија лесно да ја фати топката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа и го направи, но не беше свесен каде се наоѓа и направи фатална грешка – не забележа дека стоеше зад гол линијата. Наместо да ја запре на гол линијата, голманот направи чекор наназад, а топката му се лизна во мрежата.

Помошниот судија веднаш го крена знамето, а главниот судија ја потврди грешката и го досуди голот. На крајот, Естонија победи со резултат 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусамп…