Дома Фудбал Откриено: Еве зошто Донарума требало да го напушти ПСЖ!

Откриено: Еве зошто Донарума требало да го напушти ПСЖ!

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изненадувачки, во самиот финиш на преодниот рок, премина од ПСЖ во Манчестер Сити, а сега стигна и објаснувањето.

Тренерот Луис Енрике објасни дека тоа е исклучиво негова одлука, бидејќи сакал различен тип на голман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Донарума веќе не е дел од тимот и тоа е моја одлука. Џиџо е еден од најдобрите голмани во светот, но сакаВ различен тип на голман”, изјави Шпанецот.

Исто така, Донарума наводно побарал и поголема плата, што челниците на Парижани не можеле да му ја одобрат.

ПСЖ потоа како замена го донесе Лукас Шевалие, кого го доведе од Лил за 40 милиони евра.

Донарума потпиша петгодишен договор со Граѓаните, а Сити на ПСЖ му плати 30 милиони евра. Претходно италијанскиот голман бранеше за Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзен црвен картон на Валверде ги разлути навивачите на Реал Мадрид

Дербито во Мадрид секогаш носи големи емоции, а синоќешниот возбудлив натпревар само ја ра…