
Од Реал Мадрид ги информирале колегите од Комо дека не планираат да ја активираат откупната клаузула за играчот од средниот ред Нико Пас, објавува трансфер експертот Фабрицио Романо.
Од „Сантијаго Бернабеу“ имаа клаузула според која можеа да го вратат играчот за само 8 милиони евра, но на крајот решија да не ја искористат оваа можност. Италијанскиот тим го привлече играчот од средниот ред за 6 милиони евра минатото лето, а неговите силни настапи во дресот на клубот привлечеа интерес од многу клубови.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тој забележа 9 асистенции и 6 голови во дресот на Комо во Серија А. Во моментов Нико Пас е проценет на 35 милиони евра и имаше многу шпекулации дека Реал би можел да одлучи да го врати за да го продаде на некој од потенцијалните кандидати за многу поголема сума, но конечно оваа можност отпаднала.
На „Сантијаго Бернабеу“ сепак остануваат во силна позиција, бидејќи ќе можат да направат сличен потег и следното лето кога клаузулата ќе порасне на 9 милиони евра.