Чешката тенисерка и шампионка на Вимблдон Барбора Крејчикова денеска објави дека нема да учествува на годинешниот Австралијан опен поради опоравување од повреда на грбот.
Десеттата тенисерка во светот, која лани беше изненадување со освојувањето на Вимблдон, се здоби со повреда за време на азиската турнеја на ВТА натпреварите и повредата изгледа ја мачеше и на ВТА Финалето во Ријад во ноември.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Сакам да споделам известување во врска со моето повлекување од Австралијан Опен“, напиша Крејчикова, ланската четвртфиналистка на првиот грен слем турнир во сезоната.