Дома Останати Кошарка Скандал: Кошаркар на Партизан падна на допинг!

Скандал: Кошаркар на Партизан падна на допинг!

Дилан Оскетковски нема да може да му помогне на Партизан до крајот на годината, поради активирана казна за користење недозволиви супстанци.

Веста ја објави “ADASA”, при што се наведува дека “Националната антидопинг организација на Шпанија ја известила денеска Антидопинг агенцијата на Република Србија за санкционирањето на кошаркарот Дилан Оскетковски, со истакнување дека спортистот е суспендиран до 22.12.2026 година поради повреда на антидопинг правилата”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Триесетгодишниот кошаркар во 2023 беше позитивен на марихуана, што едно време го спречи трансферот од Уникаха во Барселона, а беше под знак прашање и неговото доаѓање во Белград. Сепак, како што беше наведено при договорот, Оскетковски имаше клаузула дека, во случај на активирање на казната, Партизан може да го раскине договорот.

Овој крилен играч на црно-белите беше еден од најдобрите во последно време. Останува прашањето дали клаузулата се уште важи и дали Оскетковски ќе го носи дресот на Партизан повторно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ЛеБрон Џејмс е апсолутен крал: На 2:06 до крајот на натпреварот беше испишана историја на НБА лигата (Видео)

Легендарниот ЛеБрон Џејмс стана најстариот играч во историјата на НБА лигата што постигнал…