
Напаѓачот на Галатасарај Виктор Осимен има за цел да премине во Премиер-лигата или во Јувентус откако ќе му заврши позајмицата во турскиот клуб на крајот од сезоната.
Нигерискиот напаѓач е на позајмица во Галатасарај од Наполи, а во договорот помеѓу овие два клуба нема опција Галатасарај да го откупи Осимен, пренесе денес ЕСПН.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Осимен, кој постигна 28 голови на 32 натпревари за Галатасарај оваа сезона, е достапен за цена од 65 милиони евра.
Меѓу клубовите од Премиер-лигата кои бараат напаѓач за следната сезона се наоѓаат и Манчестер јунајтед, Арсенал и Челси, со кои Осимен бил поврзуван во минатото, додека за Јувентус на таа позиција игра Душан Влаховиќ.
Нигерискиот напаѓач е на краток список на потенцијални засилувања на Манчестер јунајтед, чиј приоритет сепак е доведување на напаѓачот на Ипсвич, Лијам Делап, кој би барал многу помала плата, пренесе ЕСПН.
Осимен во сезоната 2022/23 со Наполи стана шампион на италијанската Серија А, каде беше најдобар стрелец со 26 постигнати голови на 32 натпревари.