
Виктор Осимен е играч на Наполи и се врати во клубот по позајмицата во Галатасарај. Намерата не е да се врати во Турција, продажбата се чека, но сè уште не се случила.
Оваа ситуација е влошена поради неговите лоши односи со раководството на Наполи, иако досега одби неколку понуди, вклучително и од страна на Ал Хилал.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Тимот од Саудиска Арабија е решен да го донесе овој нигериски напаѓач во нивните редови, а сегашната нивна понуда е дури 30 милиони евра по сезона.
Освен тоа, Осимен има клазула за клубови надвор од Италија која изнесува 75 милиони евра, што е причината поради која Наполи сака да го испрати исклучиво во Ал Хилал, бидејќи ретко кој друг клуб е подготвен да го плати тој износ.
Новиот тренер на овој клуб, Симоне Инзаги, не успеа да го убеди на време за Светското клубско првенство, но ќе направи сè за да го доведе Осимен во тимот по завршувањето на натпреварувањето.
Според најновите информации од Турција, Ал Хилал има подготвени неверојатни 50 милиони евра за една година да го ангажира Виктор Осимен.
Фото: Galatasaray FC/FB