Дома Фудбал „Бомба“: Модриќ добил понуда од балкански клуб!

„Бомба“: Модриќ добил понуда од балкански клуб!

Лука Модриќ ја заврши својата етапа од 13 години на “Сантијаго Бернабеу”, станувајќи најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид. Понуди доаѓаат од различни страни.

Изненадување пристигна и од Балканот и тоа од Словенија!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според информациите на „Спорт клуб Словенија“, Олимпија од Љубљана се поврзала со претставниците на Модриќ за можен трансфер во Стожице. Олимпија ја гледа хрватската ѕвезда како совршен маркетиншки потег за Лигата на шампиони.

Сепак малку е веројатно дека Модриќ вистински ќе заигра во зелениот дрес следната сезона.

Ова не е првпат некој словенечки клуб да проба да го привлече Модриќ во блиското минато. Пред да го продолжи договорот со Реал на уште една година минатата сезона, истото го проба и Целје. Иако безуспешно, интересот беше присутен.

Директорот на Олимпија, Игор Баришиќ, по освоената титула во Словенија оваа сезона најави голем „бум“ во клубот. Претпоставките се дека тоа се однесува на Модриќ, но Олимпија нема шанси да ја надмине финансиската моќ на саудиските клубови, а можеби ни на Динамо кој наредната сезона ќе сака да ја врати титулата во хрватското првенств.

Последните натпревари во дресот на Реал Мадрид, Модриќ ќе ги одигра на Светското клупско првенство во јуни. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…