Дома Фудбал Oфицијално: Жоао Феликс има нов клуб!

Oфицијално: Жоао Феликс има нов клуб!

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) од денес е и официјално новиот играч на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Клубот во кој игра и Кристијано Роналдо, а што го води тренерот Жорж Жезус, се договори за двегодишна соработка со Феликс, кој годишно ќе заработува 17.500.000 евра нето, што вкупно изнесува 35.000.000 евра бруто.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За овој трансфер долго се преговараше. Некогашниот талент од Бенфика кој изминатото време беше продаден на Атлетико Мадрид за импозантни 127.000.000 евра предизвика внимание.

Феликс не успеа најдобро да се интегрира во Атлетико, по што беше позајмен на Барселона, а Челси потоа го откупи од Атлетико за 52.000.000 евра. Во Лондон не остана долго и беше позајмен на Милан, каде не остави позначаен печат.

Навивачите на Бенфика се надеваа дека ќе го видат Жоао повторно во нивниот дрес на „Луш“. И самиот играч ја изрази желбата за враќање, веќе имаше дрес со број 10 подготвен од Руи Кошта и годишна плата од 3.000.000 евра. Сепак, нешто промени плановите.

Можеби токму таа сума од 30.000.000 евра, која му е загарантирана за две години договор на Блискиот Исток…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ракитиќ доби тешка задача, избираше меѓу Меси, Иниеста и Чави: Тоа е како бират помеѓу мајка и татко (Видео)

Пензионираниот хрватски фудбалер и некогашен играч на Севиља и Барселона, Иван Ракитиќ, се…