Дома Фудбал Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на тимот Томас Тухел.

Германецот ставил потпис на нов договор, кој ќе трае до крајот на Евро 2028, кое ќе биде домашен турнир за тимот. Досегашниот договор меѓу двете страни беше само до крајот на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада ова лето, но одличната изведба на „трите лава“ во квалификациите брзо ги убедила луѓето во федерацијата да го врзат долгорочно стручњакот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англија се пласираше како неспорен број еден во својата група, во која постигна победи во сите осум натпревари и дури не дозволи ниту едно постигнато гол.

„Многу сум среќен и горд што ќе го продолжам мојот престој како тренер на Англија. Нема тајна дека досега уживав во секоја минута од работата со играчите, моите асистенти и со нетрпение ги очекувам да ги водам на Светското првенство. Ова е неверојатна можност и ќе направиме сѐ за да ја натераме целата земја да биде горда. Досега имав огромна поддршка од извршниот директор на ФА Марк Булнгем, сите мои колеги во фудбалската асоцијација и од навивачите, каде и да одиме. Не се двоумев ниту за момент кога ме замолија да продолжам со оваа сонувана работа. Евро 2028 ќе биде многу посебен турнир и како тренер нема ништо поважно од тоа да се соочиш со најголемите тимови на највисокото ниво,” изјави Тухел по повод новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно колку УЕФА заработи само лани

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави своите финансиски извештаи за минатата година…