
Официјално најлошиот клуб во Европа, во рамките на 107 професионални лиги регистрирани во УЕФА помеѓу 55 земји членки, доаѓа од Турција, но нивните резултати се оправдани и очекувани.
Меѓу 55-те членки на УЕФА во овој момент најлошиот клуб е Јени Малатјаспор, тим кој пред само пет години играше во Лига Европа и беше во горниот дел од шампионатот во Турција.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Сепак, тимот моментално е на последното место во Втората лига на Турција со 36 порази во 36 натпревари. Тимот постигна само 13 гола, а прими дури 138. Тимот во моментов е на последно место на табелата со минус 21 бод.
За жал, причината за ваквите резултати е трагична. Овој турски клуб беше длабоко погоден од разорниот земјотрес што го погоди Турција пред две години.
Дури и голманот на овој турски клуб, Ахмет Ејуп Тюркаслан, трагично загина во земјотресот. Неговото тело беше пронајдено без знаци на живот во уриништата создадени за време на земјотресот што го погоди Турција.
Поради тие трагични сцени клубот не учествуваше во натпреварувањата, а Турскиот фудбалски сојуз се обидел да го спаси клубот така што му резервирал место во втората лига за да може да се врати на натпреварите.
По неколку месеци неактивност, Малатјаспор се врати, но како што се очекуваше, следеа катастрофални резултати.
ФИФА поради клупската нестабилност ги направи работите уште полоши, па му одзеде 21 бод. Вистински трагичен крај за тим кој само пред пет години играше во Лига Европа и беше важен фактор во елитниот ранг на турскиот фудбал.