
Лука Јовиќ беше официјално претставен како нов играч на АЕК од Атина, потврдувајќи ги гласините за неговиот трансфер во грчката Суперлига.
Српскиот напаѓач потпиша договор на две години со атинскиот клуб, а целосниот трансфер доби зелено светло откако Јовиќ успешно ги помина медицинските прегледи во грчката метропола.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
АЕК со ангажманот на Јовиќ ги потврди своите сериозни амбиции за претстојната сезона, бидејќи на фудбалерот му договорено да заработи шест милиони евра за две години.
Годишната плата на поранешниот играч на Милан изнесува 2.500.000 евра, а дополнителен милион евра доби при потпишувањето на договорот.
Во договорот се вклучени и бонуси врзани за неговите настапи, голови, и успесите на тимот, што му отвара можности за зголемување на приходите.
Ова е досега најголемиот трансфер на АЕК ова лето, иако веќе потрошија 8.700.000 евра на засилувања.
Да потсетиме, АЕК го ангажираше Филип Релвас од Виторија Гимараиш за 3.700.000 евра, а од Серија А пристигна и Романецот Резван Марин.
Претходно на клубот му се придружија и добро познати имиња како Антонио Марсијал, Томас Стракоша и Домагој Вида.
Но, доаѓањето на Јовиќ е највпечатливо и претставува вистинска потврда за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Тренер на АЕК е Марко Николиќ, а ова првпат ќе соработува со Лука Јовиќ, кој доаѓа како значително засилување за напаѓачката линија.
Јовиќ пристигна во Атина рано утринава, а веднаш потоа ги посети стандардните медицински прегледи.
Откако се помина глатко, следеше потпишувањето на договорот на стадионот Аја Софија, каде што Јовиќ ќе се обиде да ја врати својата врвна форма.
Во минатата сезона го носеше дресот на Милан, но не успеа да оствари позначајна улога во тимот.
Поранешниот член на Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт сега се надева на нов подем во кариерата во амбициозниот клуб АЕК.
Трансферот предизвика голем интерес во грчката јавност, а навивачите на АЕК го поздравија неговото пристигнување со голема возбуда.
Лука Јовиќ веќе имаше можност да се запознае со новите соиграчи и да го одработи првиот тренинг со тимот.
Во Грција веруваат дека токму тој би можел да биде клучната фигура во борбата на АЕК за титула, но и на меѓународната сцена.
Во следните денови се очекува неговата официјална промоција пред навивачите, со потенцијален деби настап веќе во следното коло.