Дома Фудбал Oфицијално: Барселона се засили со нов напаѓач!

Oфицијално: Барселона се засили со нов напаѓач!

Досегашниот фудбалер на Копенхаген, 19-годишниот крилен напаѓач Рони Бардги, стана ново засилување на Барселона, објави шпанскиот фудбалски шампион на својата официјална веб-страница. Младиот шведски играч, роден на 15 ноември 2005 година во Кувајт, ќе потпише четиригодишен договор, кој ќе важи до 30 јуни 2029 година, според официјалното соопштение, без да се наведат финансиските детали.

Според информациите од шпанските медиуми, овој трансфер е вреден 2,5 милиони евра. Бардги го започна своето патување во Копенхаген во 2020 година кога пристигна од Малме, а во 2022 година беше приклучен кон првиот тим. Од тогаш досега, за Копенхаген има одиграно 84 натпревари и постигнато 15 погодоци. Со клубот освои три првенства на Данска и два домашни Купа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во соопштението на Барселона се наведува дека станува збор за еден од најбараните млади фудбалери во Европа, чие напредување беше прекинато поради сериозна повреда, по која беше отсутен од теренот речиси една година. „Како крилен играч, Бардги е познат по своите вештини во играта еден-на-еден, способноста да се ослободи од противничките играчи со дриблинг и ефикасноста пред голот“, се наведува во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…