Дома Трансфер зона Официјално: Баерн има нов голман

Официјално: Баерн има нов голман

Како што беше најавено во последните денови, Баерн Минхен вечерва и официјално потпиша договор со младиот голман Јонас Урбиг.

Овој 21-годишен голман му се приклучи на германскиот гигант од Келн, за кого сезонава забележа 11 настапи, а со Баерн потпиша договор до 2029 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Урбиг е свесен за големите очекувања и дека Баерн во него гледа наследник на легендарниот Мануел Ноер.

„Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Горд сум што сум овде сега и со нетрпение очекувам да се сретнам со мојот нов тим наскоро. Целта ми е да работам професионално на себе секој ден и да продолжам да се развивам во нашата голманска група предводена од Мануел Ноер“, нагласи Урбиг на промоцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…