Фудбалерот на Рома Марио Ермосо денес премина на позајмица во Баер од Леверкузен до крајот на сезоната..
Ермосо, 29-годишен дефанзивен фудбалер, потпиша минатиот септември за Рома по пет сезони во Атлетико од Мадрид.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
“Марио Ермосо е искусен играч на меѓународната сцена, покрај тоа што игра на позицијата централен дефанзивец, тој е многу способен и организиран лев бек”, изјави спортскиот директор на шампионот на Бундеслигата Симон Ролфес.
Тој додаде дека Ермосо ќе биде важен дел од одбраната на екипата и дека добро ќе го надомести отсуството на Жануел Белосјан.
Баер не наведе дали постои можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Клубот од Леверкузен оваа недела го доведе на позајмица Емилијано Буендија од Астон Вила, како замена за повредениот Мартин Терије.
Тренерот Ќаби Алонсо неодамна изјави дека напаѓачот Виктор Бонифејс ќе остане во клубот, и покрај атрактивната понуда од Саудиска Арабија.