
Најистакнатиот фудбалер на Арсенал би требало и во идните години да остане на Емирејтс.
Откако клубот веќе потпиша нов петгодишен договор со дефанзивецот Вилијам Салиба, раководството на “Топџиите” сега сака да ја осигура иднината и на крилниот напаѓач Букајо Сака (24), објавуваат британските медиуми.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сака е продукт на младинската академија на Арсенал и во првиот тим влезе пред шест години. Досега одигра 269 натпревари, постигна 72 гола и исто толку асистенции. За англиската репрезентација има 44 настапи, со 12 голови и осум асистенции.
Тековниот договор го врзува Сака за Арсенал до јуни 2027 година, но со новиот потпис би станал, заедно со Кај Хавертц, најплатениот фудбалер на клубот. Хавертц заработува 16,7 милиони евра годишно.
“Колку што знам, Сака е извонредно задоволен во Арсенал. Сите се свесни колку е важен за нас и се надевам дека прашањето околу неговиот нов договор наскоро ќе се реши,” изјави тренерот Микел Артета.