
Регионалната спортска телевизија Спорт Клуб, со чија ТВ програма многумина пораснаа, ги брои последните часови од своето постоење и од денеска повеќе нема да постои. По 19 години успешна работа, престанува со емитување, што разочара многу фанови.
Како што е веќе познато, со продажбата на српската компанија СББ, целата спортска содржина од Спорт Клуб преминува на Арена Спорт. Со тоа, денеска ќе биде заклучена една повеќедецениска спортска приказна која го обележа регионот, а Спорт Клуб повеќе нема да постои.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Целата спортска содржина од Спорт Клуб преминува на каналите Арена Спорт. Оние кои го имаа Спорт Клуб наскоро ќе добијат канали на Арена Спорт и таму ќе можат да ја следат целата содржина на која беа навикнати, заедно со коментаторите на Спорт Клуб.
Тоа значи дека кошаркарската Евролига, фудбалската Бундеслига, автомото спортовите, целиот тениски календар и многу друга содржина преминуваат на каналите Арена Спорт.
Ако ја погледнеме програмата на Спорт Клуб каналите за утре, нема ништо во неа и оваа телевизија повеќе нема да емитува содржина.
Денес е последниот ден на @sportklub каналите. Само сакам да им се заблагодарам на сите професионалци од оваа телевизија кои ни го разубавија детството и младоста. На крајот, ќе победи правдата, така што како што Вишко кажа, не е збогување туку довидување! Благодарам на целиот Спорт Клуб за сè! pic.twitter.com/PUpQekY8ff
— Стефан Ниниќ (@NinicStefan) 31 март 2025
Со договор и купопродажба помеѓу Телеком Србија и Јунајтед Груп, содржината на Спорт Клуб престанува со емитување за цел регион, односно Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија. Со тоа, заврши долгогодишната битка за спортски ТВ права и нема да има конкуренција.
Коментаторите на Спорт Клуб веќе денови наназад се простуваат со емоции. Така, кошаркарскиот експерт Дарко Плавшиќ во солзи го одјави последниот пренос на Црвена звезда во Евролигата, а целата сала го извикуваше неговото име.
Најпознатото име на Спорт Клуб, прославениот коментатор Небојша Вишковиќ, кој ја следеше целата кариера на Новак Ѓоковиќ и се етаблира како најголемиот познавач на тенисот на овие простори, со големи емоции го одјави последниот пренос.
“После повеќе од 700 натпревари на Новак со овој знак СК, замислете колку само тоа поени се, пред нас е можеби последниот. Казувам ‘можеби’, бидејќи сите се надеваме дека мракот ќе трае пократко од кариерата на Новак,” рече Вишковиќ и додаде дека ова “не е збогување, туку довидување”.
“Тоа е тоа. Само морам да ви кажам, во името на целиот Спорт Клуб, дека беше и привилегија и чест да се дружиме со вас речиси две децении. Но, за крај не оди збогување, туку довидување. Не добра ноќ, туку добро утро,” додаде Вишковиќ.