Goal.com веќе прави прогнози за следното доделување на Златната топка.
Да потсетиме, Родри ја понесе последната награда, иако меѓу главните кандидати беше Винисиус Жуниор.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Помеѓу 15-то и 3-то место се силни имиња како Џамал Мусиала, Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Роберт Левандовски, Ламине Јамал…
Интересно, Мбапе е само седмиот фаворит за добивање на престижната награда.
На третото место е Рафиња од Барселона. На второто место е неговиот сонародник Винисиус, додека главен фаворит е Мохамед Салах.
Одличниот Египќанец веќе има 20 гола и 15 асистенции, а не е ни Нова година. Покрај тоа, Ливерпул доминира и во првенството и во Лигата на шампионите.
Доколку вака продолжи и Ливерпул дојде до еден од главните трофеи, Салах би можел да ја освои и првата Златна топка во кариерата.