Пред неколку дена фудбалската федерација на Македонија одлучи предвреме да го прекине првенството, откако се појави коронавирус во редовите на Шкендија и Ренова.
Сега се очекува одлуката за дали или ќе нема шампион, ако има шампион тоа ќе биде Вардар. Во меѓувреме од ФФМ соопштија од кога до кога ќе трае преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите засегнати страни дека согласно Одлуката на У.О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020. година“, соопштија од ФФМ.
Ќе потсетиме во моментот кога се прекина првенството Вардар имаше 11 бода повеќе од второпласираната Шкендија.