Дома Фудбал Англија Oфицијално: Продолжена суспензијата во Премиер лигата!

Oфицијално: Продолжена суспензијата во Премиер лигата!

Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука да ги одложи сите натпреварувања до 30. април.

ФА оваа одлука ја донесе на состанокот на клубовите, па така сега и официјализирано дека на фудбалот нема да има фудбал уште повеќе од еден месец.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Секако, постои можност и за дополнително поместување ако пандемијата со коронавирусот во Велика Британија потрае.

Исто така донесена е одлука дека не е обврзувачки првенството да заврши во јуни, па Премиер лигата би можеле да гледаме и во јули.

Претходно првенството беше суспендирано до почетокот на април, меѓутоа јасно е дека услови за продолжување тогаш нема да има. Се очекува слична одлука да биде донесена и во останатите првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид тргна по „чудото од дете“ кое го споредуваат со големата ѕвезда на „кралевите“

Реал Мадрид нема време за губење кога станува збор за својата иднина. Додека големите тран…