Дома Трансфер зона Oфицијално: Начо замина од Реал Мадрид – во новиот клуб ќе заработува 20 милиони по сезона!

Oфицијално: Начо замина од Реал Мадрид – во новиот клуб ќе заработува 20 милиони по сезона!

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска и официјално го напушти „кралскиот“ клуб.

Реал Мадрид во емотивна објава се прости од својот верен војник, кој како 10-годишник пристигна во клубот далечната 2001 година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тој напредуваше низ младинските редови на академијата на Реал се до дебитo за првиот тим во 2012 година. Оттогаш, тој играше 12 сезони во една од најславните епохи во историјата на Реал Мадрид.

За Реал одигра 364 натпревари, освои 26 трофеи, од кои шест Лига на шампиони и четири Ла Лига.

Откако ја освои Лигата на шампионите на Вембли, сфати дека е време за нови предизвици и oдлучи да си замине како слободен играч.

Според информациите тој веќе договорил се и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. По Европското првенство Начо ќе потпише договор до јуни 2026 година со Ал Кадсија. Платата која ќе ја добива во овој клуб ќе изнесува 20 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …