Поранешниот репрезентативец на Гана, Сали Мунтари и официјално потпиша договор со екипата која ја предводи Кларен Сидорф.
Мунтари пристигна на проба во екипата на Депортиво, а очигледно по неколку неделната проба ги задоволи апетите на шпанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, играчот од средината беше без клуб откако минатата лето си замина од Пескара, а на Депортиво ќе се обиде да му помогне да избори опстанок.
Тимот кој од неодамна го предводи Сидорф се наоѓа на претпоследното место во шпанското првенство со 17 освоени бодови и во овој момент има три бода помалку од сигурната зона.
Фудбалерот од Гана до сега во својата кариера настапуваше за Удинезе, Портсмунт, Интер, Сандерленд, Милан, Итихад и Пескара.