Дома Фудбал Италија Сидорф: Милан и Интер се први фаворити за Скудетото

Сидорф: Милан и Интер се први фаворити за Скудетото

Сезоната во Серија А започна, а во неа не очекува и трка за Скудетото, бранителот на титулата Интер според многумина е прв фаворит.

Легендарниот Кларенс Сидорф смета дека миланските гиганти имаат предност пред останатите екипи.

„Очекувам изедначена сезона во Серија А, но мислам дека Милан и Интер имаат нешто повеќе од останатите. Ќе биде Интересно да видиме како Милан ќе се носи со враќањето во Лигата на шампионите“.

Што е со Јувентус?

„Мислам дека се презаситени, премногу победуваа во изминатите години, па не знам дали ја имаат потребната решителност. Да не бидам сфатен погрешно, Јувентус секогаш е тука, но според мене предност имаат тие што се „погладни““, изјави Сидорф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…