Барселона и Интер одиграа 3:3 во четвртото коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Каталонците успеаа да се спасат од пораз, а после овој натпревар раководството на клубот ги критикуваше судиите.
На жалбите од страна на Барселона свој коментар даде легендарниот Холанѓанец, Кларенс Сидорф.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Барселона се жали на судиите? Тоа е нивна навика, така се обидуваат да создадат почит од судиите, но Чави мора да покаже респект. Сепак кога е ВАР тука таков притисок не може да помине така лесно како порано“, смета Сидорф.
На Барселона и покрај извлеченото реми против Интер сепак и се заканува испаѓање во Лигата на Европа затоа што Интер кој е второпласиран е во далеку подобра позиција во последните две кола.