Дома Фудбал Oфицијално: Играчите на Реал доброволно ги намалија платите

Oфицијално: Играчите на Реал доброволно ги намалија платите

Во медимуте имаше различни шпекулации, а сега е потврдено дека фудбалерите на Реал Мадрид сами си ги намалиле платите.

Прво се пишуваше дека во Реал Мадрид нема да има намалување, па потоа се појави вест дека ќе мора да има кратење на платите. На крајот играчите сами побарале и се договориле со клубот нивната плата да биде намалена помеѓу 10% и 20%.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа на официјалниот сајт го објави Реал Мадрид.

„Играчите и тренерите на фудбалскиот и кошаркарскиот тим, заедно со тренерите и директорите доброволно прифатија да им се намалат платите за оваа година. Во зависност од тоа како ќе се биде завршена сезоната 2019/2020 намалувањето ќе биде помеѓу 10% и 20%“, стои во соопштението од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер пер…