Дома Фудбал Англија Oткриено: Видиќ за малку ќе заиграл за друг клуб во Премиер лигата

Oткриено: Видиќ за малку ќе заиграл за друг клуб во Премиер лигата

Maлку недостасувала Немања Видиќ да заигра за друг клуб од Премиер лигата.

Немања Видиќ во текот на својата блескава кариера најголема трага остави на Островот како дефанзивец на Манчестер Јунајтед со кој освои пет титули шампион на Англија и една титула во Лигата на шампионите.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Три години поминаа од неговото повлекување од фудбалските терени, но името на Видиќ и понатаму често се споменува во британските медиуми.

Неодамна во анкета на „Скај Спорт“ беше избран за најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата, а денес на Островот се пренесува уште една интересна вест за српскиот дефанзивец.

Имено, познатиот велшки тренер Крис Колмен откри дека своевремено сакал да го доведе Видиќ во Фулам непосредно пред да постигне договор со Алекс Фергусон за трансфер во Манчестер Јунајтед.

Фулам нешто порано го продаде Луис Саха за 13 милиони фунти, а истакна дека дел од таа сума добил 500.000 евра да ги вложи во некое засилување.

Видиќ бил прва желба, но повикот на Фергусон не може да се одбие.

„Разговарав тогаш со Мохамед Ал Фајед тој беше воодушевен, толку млад, а зрел фудбалер. Го познавав и шефот на скаут службата на Манчестер Јунајтед, Џим Лоур и му кажав да го пуштат кај нас неколку години, па после да го земат. Тој се насмеа и ми одговори дека го сакаат веднаш“, откри Колмен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„Што мислам за Видиќ? Животно, се плашев да одам кон него!“

Поранешниот репрезентативец на Србија и капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, остав…