Американецот Андре Агаси од пред неколку дена повеќе не е тренер на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Легендарниот тенисер работеше во стручниот штаб на Ѓоковиќ како повремен тренер бидејќи со Новак беше во главно на поголемите турнири.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Имав најдобра намера сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често заклучавме дека не се согласуваме околку некои работи, не се согласувавме околу детали кои за мене беа важни. Му посакувам се најдобро во кариерата“, изјави легендарниот Американец пред неколку дена за „ЕСПН“.
Откако Агаси објави дека става крај на соработката со српскиот тенисер, светските медиуми започнаа да истражуваат и открија што претходело на прекинот на соработката.
Откриено е дека Ѓоковиќ и Агаси влегле во жестока расправија непосредно пред Индијан Велс.
„Агаси се лутел бидејќи Новак не прифаќал скоро ниту еден негов совет. Неколку пати жестоко се расправале, а најжестока била расправијата пред Мастерсот во Индијан Велс. Агаси го убедувал Новак да го прескокне турнирот бидејќи му било јасно дека не е спремен. Меѓутоа Новак одбивал да го послуша“, пишуваат германските медиуми.
"We far too often found ourselves agreeing to disagree."
Andre Agassi has left Novak
Djokovic's coaching team after just 11 months.#seanknows pic.twitter.com/cw8PkPtfOy— Sean Cardovillis (@seancardo) April 2, 2018