Реномираниот шпански медиум „Марка“ состави листа според бројот на успешно одработени дриблинзи оваа сезона.
Во овој момент најмногу противничко фудбалери „измамил“ најплатениот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Нејмар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој ова лето премина ов Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, а во својата прва сезона во Франција веќе доминира. Постигна шест погодоци, подели пет асистенции, а вкупно изведе 72 дриблинзи од кои успешни му биле 46, односно 64%.
Неговиот поранешен соиграч во Барселона, Меси исто така блеска. Аргентинецот постигна 11 голови во Примера, запиша и две асистенции, а покрај тоа изведе 68 дриблинзи од кои успешни му биле 42, односно 62%.
На третото место се наоѓа фудбалерот кој има најголем процент на успешност. Во прашање е ѕведата на Лион, Набил Факир, кој успешно извел 35 дриблинзи од 50 обиди, одноно 70%.
Зад нив тројца со по 26 успешни дриблинзи следуваат Паоло Дибала од Јувентус, Папу Гомез од Аталанта и Ндомбеле од Лион.