Дома Топ вести Oбјавен нов разговор: Пике од претседателот бара да му се обезбеди место на ЛОИ во Токио!

Oбјавен нов разговор: Пике од претседателот бара да му се обезбеди место на ЛОИ во Токио!

Во шпанската јавност актуелна е темата со аудио разговорите во кои е вмешан дефанзивецот на Барселона Жерар Пике заедно со првиот човек на шпанскиот фудбал, Луис Рубиалес. Претходно беа објавени разговорите во кои Рубиалес и Пике договораат провизија за Суперкупот во Саудиска Арабија, а сега се појави нов уште поскандалозен разговор.

„Ел Конфеденсијал“ кој ги објави и претходните разговори сега објави аудио снимка во која Пике бара од првиот човек на шпанскиот фудбал да му обезбеди место во шпанската олимписка репрезентаија за ЛОИ во Токио.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Треба да го направиш Руби ова за мене, разговарај со селекторот. Нека остане наша тајна, ќе дојдам во Мадрид, ќе седнеме, но не смее ништо да излезе во јавност. Ова треба да биде тајна меѓу нас тројца (селекторот)“, зборува Пике.

На барањето на Пике Рубиалес одговара дека ќе разговара со селекторот на младата репрезентација на Шпанија до 21 година, Луис Де Ла Фуенте.

„Да, треба да остане тајна. Ако прифати селекторот ќе биде добро“, одговорил Рубиалес.

Пике за претходните снимки тврдеше дека не правел ништо нелегално, останува да се види дали сега ќе има некаква реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…