Дома Ракомет Гостите останаа со празни раце: Домаќините со 16 од 16 на стартот кон ЕП 2028!

Гостите останаа со празни раце: Домаќините со 16 од 16 на стартот кон ЕП 2028!

Гостите останаа со празни раце: Домаќините со 16 од 16 на стартот кон ЕП 2028!

Ниту едно гостинско славје во првото коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2028 година. На 16-те натпревари одиграни на 4 и 5 ноември, во сите осум групи, победите без исклучок им припаднаа на домаќините.

Најголемата разлика ја направи Исланд, кој ја совлада Украина со 48:26. Со убедливо издание отвори и Србија, триумфирајќи над Естонија со 39:18. Хрватска, пак, постигна 46 гола во победата над Литванија, која одговори со 28.

Сигурен почеток имаше и Македонија со победа од 41:23 против Луксембург. Во вториот натпревар од нашата, осма група, Шведска ја оправда домашната предност против Грција и славеше со 33:24.

Унгарија ја запре Црна Гора на 21 погодок и победи со 32:21, додека Норвешка беше убедлива против Грузија со 40:23. Значително понеизвесно беше во Чешка, каде што домашната селекција го совлада Израел со само еден гол разлика, 27:26. Тесна победа забележа и Италија против Словачка — 34:32.

  • Група 1: Хрватска – Литванија 46:28; Холандија – Финска 33:24.
  • Група 2: Австрија – Турција 37:30; Норвешка – Грузија 40:23.
  • Група 3: Исланд – Украина 48:26; Србија – Естонија 39:18.
  • Група 4: Фарски Острови – Косово 37:30; Унгарија – Црна Гора 32:21.
  • Група 5: Чешка – Израел 27:26; Словенија – Босна и Херцеговина 38:28.
  • Група 6: Полска – Летонија 33:24; Франција – Романија 34:27.
  • Група 7: Италија – Словачка 34:32; Германија – Белгија 42:32.
  • Група 8: Македонија – Луксембург 41:23; Шведска – Грција 33:24.

Фото: Handball-Planet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Грција со пораз од девет гола го чека дуелот со Македонија во Халкида

Шведска ја совлада Грција со 33:24 во квалификациите за ЕП 2028. Македонските ракометари в…