Дома Фудбал Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Најавите дека Унаи Емери ќе остане во Астон Вила и ќе потпише нов договор го радуваат и Џејми Карагер. Поранешниот фудбалер на Ливерпул има едноставно објаснување: шпанскиот стратег би го направил Манчестер јунајтед посилен, а тоа не е нешто што тој сака да го гледа.

Емери беше поврзуван со клупата на „црвените ѓаволи“, а Карагер претходно предизвика полемика со тврдењето дека тренерот несомнено ќе замине во поголем клуб. Од Вила реагираа остро и се заканија со правни мерки, по што следуваше негово извинување.

Во својата колумна за „Телеграф“, Карагер повторно го образложи ставот. Според него, тврдењето дека Јунајтед е поголем клуб не значи дека Емери треба да ја напушти Вила, која во моментов може да биде и подобра средина за работа.

„Никогаш не тврдев дека Емери треба да замине за да преземе поголем клуб. Зошто би сакал да оди во Манчестер јунајтед? Со него би станале посилни“, порача Карагер.

За него, евентуалниот нов договор би бил добра вест и за Вила и за Премиер лигата, но истовремено отвора и друго прашање: дали пофалбите дека Емери најдобро работи во екипи од кои не се очекуваат најголемите трофеи всушност го потценуваат?

Карагер го смета Шпанецот за тренер од светска класа и оценува дека репутацијата оти е подобар надвор од елитните клубови произлегува од тешкиот период во Арсенал и од престојот во Пари Сен Жермен. Во Париз имаше домашни успеси, но не ги исполни европските очекувања, поради што неизбежно се споредува со Луис Енрике.

Разликата, според Карагер, е во мерилото за успех. Јунајтед сега не е на нивото на Реал Мадрид, Баерн и ПСЖ, но од секој тренер на „Олд Трафорд“ се очекува да изгради тим што ќе им парира. Астон Вила, нагласува тој, не се оценува според истиот стандард.

Фото: Aleksandr Osipov / Wikimedia Commons, CC BY-SA 2.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…