Шпанските медиуми објавија вчера дека Пике е вклучен во голем скандал и дека земал пари за Суперкупот на Шпанија да се игра во Саудиска Арабија.
„Ел Конфиденсијал“ објави аудио разговори помеѓу Пике и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес. Во разговорите двајцата се договораат за провизијата која ќе добие фирмата на фудбалерот на Барселона доколку ова натпреварување се игра во Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике сега се огласи и порача дека не направил ништо нелегално.
„Претставници на властите од Саудиска Арабија ме контактираа и кажаа дека би сакал да им помогнам Суперкупот на Шпанија да се игра таму. Единствена нелегална работа во целата оваа работа се ауди-снимките. Некој нас неовластено не прислушкувал и снимал. Не морате да бидете претерано паметен и интелигентен за да заклучите за кого се работи. Уште пред три години се знаеше колку Космос наплати за оваа работа, тука нема ништо ново“.
„Пред околу седум дена ме контактираа уредниците на „Ел Конфединсијал“ кој ги објави снимките за да ме „известат“ што планираат да направат. Мислам дека јасно е што се обидуваа да направат. Им одговорив дека не ми е гајле затоа што нема мшто да кријам. Веќе некое време постоеше желба за промена на форматот на Суперкупот за натпреварувањето да се направи поинтересно. Тоа со себе би донело и поголеми приходи. Саудиска Арабија не беше единствена опција, во игра беа уште Катар и САД. На крајот од Фудбалскиот сојуз беше избрана Саудиска Арабија.
„Провизијата од 10% која ја наплтивме е сосема нормално во деловниот свет кога станува збор за така големи потфати. Сметам дека ние наплативме исто колку што би наплатила некоја агенција која се занимава со тие работи“, објасни Пике.