Дома Топ вести Скандал: Пике притискал Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија за повеќе пари!

Скандал: Пике притискал Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија за повеќе пари!

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се најде во центарот на голем скандал.

Дефанзивецот на Барселона би можел да биде обвинет за перење пари и корупција откако „Ел Конфиденцијал“ објави разговори помеѓу него и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубиалес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во тие разговори двајцата се договораат околу провизијата која би ја добиле со играњето на Суперкупот на Шпанија на тло на Саудиска Арабија. Рубиалес му дава одобрување на Пике преку својата фирма да најде најдобро место за Суперкупот, а кога е одлучено тоа да биде Саудиска Арабија се обиделе да извлечат максимален износ кој како награда би го добиле од Саудијците.

Според објавените транскрипти, неименувана саудиска фирма е должна да исплати 24 милиони евра во текот на шест години, односно по четири милиони евра за секој одигран Суперкуп.

„Да видиме, Руби кога се парите во прашње. Ако Реал добива осум милиони…По ѓаволите осум одат на Реал и исто толку на Барселона…Останатите по еден-два милиони, значи тоа е 19, тебе ти остануваат шест. Да притиснеме за Садудиска Арабија и да го завршиме ова. Да зададаме два удари“, зборува Пике во еден од разговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…