Дома Фудбал Италија Oбјавени казните во Наполи: Елмас остана без пола месечна плата, Инсиње помина најлошо (ФОТО)

Oбјавени казните во Наполи: Елмас остана без пола месечна плата, Инсиње помина најлошо (ФОТО)

Италијанските медиуми ги објавија казните за сите фудбалери во Наполи.

Во Наполи владее вистински хаос откако фудбалерите после натпреварот со Ливерпул не ја послушаа наредбата на Де Лаурентис и место во карантин се упатија во своите домови.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Од тогаш настанаа низа проблеми во Неапол, а италијанските медиуми денес ги објавија казните за сите играчи на Наполи кои се во зависност од нивните примања.

Вкупната сума која играчите ќе ја исплатат на клубот е 2.3 милиони евра. Најлошо помина еден од предводниците на бунтот Лоренцо Инсиње кој е казнет со 350.000 евра на месечно ниво, зад него следи Алан (250.000), па Кулибали (230). Висока казна доби и Ирвинг Лозано кој ова лето потпиша за клубот од Неапол (175.000).

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас во Наполи заработува околу 1.3 милион евра годишно или скоро 110.000 евра месечно. Елмас ќе мора да плати со половина плата, односно 57.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …