Дома Трансфер зона Oфицијално: Рома го доведе и петтото засилување!

Oфицијално: Рома го доведе и петтото засилување!

mirante

И се очекува тука да не биде крајот.

Екипата на Рома реди засилувања едно по друго, денес стигна петото.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Искусниот голман Антонио Миранте пристигна од Болоња и ќе потпише договор на една сезона. Тој е само дел од размената која „волчицата“ ја направи со Болоња.

Рома го доби Миранте и пет милиони евра во замена за полскиот голман Лукаш Скорупски кој ќе биде прв избор на Пипо Изнаги за голот на Болоња во наредната сезона.

Миранте во Рома ќе биде алтернатива бидејќи со 35 години се наоѓа во залезот на својата кариера иако имаше сосема добра сезона во Рома.

Прв голман на Рома е Алисон, но се уште не е познато дали Бразилецот ќе остане во клубот. Неодамна и медиумите во Италија и во Шпанија тврдеа дека Бразилецот веќе има договор со Реал Мадрид.

Кога се засилувањата на Рома во прашање, претходно во клубот пристигнаа Анте Чориќ од Динамо Загреб, Иван Маркано од Порто, Џастин Клајверт од Ајакс и Брајан Кристанте од Аталанта.

Следни кој се очекува да пристигнат се Давиде Сантон и младиот Заниоло како дел од трансферот на Раџа Наинголан, а во тек се преговорите и со Хавиер Пасторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…